Баерн Минхен планира да финализира три трансфери до крајот на летото. Приоритет за шампионот на Германија е Лерој Сане од Манчестер Сити, но Баварците сакаат да привлечат уште еден крилен играч – Хаким Зиеш од Ајакс Амстердам.
Името на мароканското крило се споменуваше во германските медиуми пред еден месец, но сега повторно е оптек за засилување на тимот од „Алијанц арена“. Хаким Зиеш (26), кој игра за Ајакс од 2016 година, би го чинел Баерн најмалку 40 милиони евра.
Мароканецот е второто име на списокот на тимот од Минхен, по Марк Рока од Еспањол кој исто така е голема желба на Баерн Минхен.