Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн со огромна предност го пречекува Челзи
    Фудбал

    Баерн со огромна предност го пречекува Челзи

    risteBy riste08/08/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Одморот за Баерн (Минхен) заврши. Баварскиот гигант ги освои трофеите во Германија, но целта е да се повтори 2013 година, кога тимот последен пат ја освои Лигата на шампионите.

    Вечерашниот реванш против Челзи во осминафиналната рунда не би требало да биде проблем за Баерн затоа што имаат убедлива предност од првата средба на „Стемфорд Бриџ“ кога победија со 3:0. Во Минхен, сепак, никој не ја заборави ноќта на „домашното“ финале во Лигата на шампионите во 2012 година, кога Баварците веќе размислуваа за прослава на титулата, но Дидие Дрогба и соиграчите им ги помешаа плановите. За успехот во Лондон на крајот на февруари, Серж Гнабри постигна два гола, а Роберт Левандовски додаде уште еден. Полскиот фудбалер има вкупно 11 погодоци од почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, а екипата ги победи своите противници во групната фаза, каде забележа 6 победи и постигна 24 гола (еден помалку од рекордот на ПСЖ).

    Денес германскиот тим ќе биде без повредените Бенжамин Павар и Кингсли Коман. Ханзи Флик ќе избере помеѓу Филипе Кутињо и Иван Перишиќ за замена на крилниот играч. Левандовски, Томас Милер и Гнабри повторно ќе ја вознемируваат одбраната на Челзи, а во средината на теренот ќе стартуваат Тијаго Алкантара и Леон Горецка.

    Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, треба да се справи со многу проблеми со повредени играчи. Жоржињо е казнет, а Сезар Аспиликуета, Кристијан Пулишиќ, Педро Родригез и Рубен Лофтус-Чек ќе го пропуштат мечот поради повреди. Вилијан и Н’Голо Канте се неизвесни иако за Канте најави дека ќе игра. Мејсон Маунт, Теми Абрахам и Калум Хадсон-Одој се очекува да започнат во нападот.

    Традицијата е целосно на страната на Баерн. Во целата историја на Лигата на шампионите ниту еден тим не се продолжил понатаму, откако го загуби првиот натпревар дома со три или повеќе голови. Баварците, од друга страна, испаднаа само еднаш од 25 случаи по успехот како гостин на првиот натпревар (против Интер во 2011 година 1:0 и 2:3).

    Баерн се соочил со тим од Англија 16 пати во елиминации и поминал понатаму во 10 од нив. Тимот постојано учествуваше во директната елиминациска фаза во Лигата на шампионите во последните 12 години, а пред да биде елиминиран од Ливерпул минатата сезона, имаше 7 последователни пласмани во четвртфиналето.

    Челзи не загубил на последните четири гостински натпревари во Германија, а пред една година го елиминираше Ајнтрахт (Франкфурт) во полуфиналето на Лигата на Европа, пред да го освои трофејот. Сепак, лондончаните се во серија од 7 натпревари без победа како гости во елиминациите во Лигата на шампионите.

    Во нивниот последен официјален натпревар пред денешната средба во Минхен, Челзи загуби од Арсенал во финалето на ФА Купот.

    Веројатни состави:
    Баерн (4-2-3-1): Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, А. Дејвис, Горецка, Тијаго Алкантара, Кутињо, Милер, Гнабри и Левандовски.
    Челзи (3-4-3): Кабајеро, Зума, Кристенсен, Рудигер, Џејмс, Баркли, Ковачиќ, Емерсон, Хадсон-Одој, Абрахам и Маунт.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов

    22/03/2023

    Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте

    22/03/2023

    Де Бруин е новиот капитен на Белгија

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат
    • Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов
    • Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте
    • Де Бруин е новиот капитен на Белгија
    • Уапсен првиот човек на косовскиот фудбал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.