Баерн Минхен официјално го објави трансферот на фудбалерот на Атлетико Мадрид на Лука Хернандез.
Договорот е рекорден за Баварците, кој ќе платат 80 милиони евра кои беа ставени во клаузулата за откуп на неговиот договор. Договорот на светскиот шампион со Франција е на пет години и тој ги помина медицинските прегледи за време на паузата за националните тимови.
Хернандез е вториот дефанзивец кој доаѓа од светскиот шампион Франција. Клубот од „Алијанц Арена“ веќе го објави трансферот на Бенжамин Павар.
„Денес е многу важен ден во мојата кариера. Баерн е еден од најдобрите клубови во Европа и светот. Горд сум што ќе имам можност да се борам за сите трофеи, кон кои ќе се стреми Баерн во иднина. Сакам да им се заблагодарам на Атлетико – на раководството, тренерите, соиграчите и навивачите, за прекрасните 12 години. Атлетико секогаш ќе биде дел од мене. Среќен сум што го правам овој чекор”, изјави Хернандез за веб сајтот на Баерн.
23-годишниот Французин има одиграно 110 натпревари за првиот тим на Атлетико.