Тенисерот од Кипар, Марко Багдатис, најави дека по завршувањето на третиот сезонски Грен Слем на терените на –„Вимблдон“, ќе се повлече од активно играње на тенис. Тој токму за отвореното првенство на Англија доби покана од организаторот или така наречена „вајлд-карта“.
„Тешко беше да донесам таква одлука, но, бројните повреди не ми дозволуваат да продолжам во посакуваниот ритам“ – потенцираше тенисерот од Кипар.
Багдатис најдобрите резултати гледано на Грен Слем турниртите ги имаше во 2006 година кога играше финале на „Австралија Опен“ а потоа се појави во полу-финалето во Англија.