Дориан Бабунски и официјално стан дел од екипата на Дебрецин. Тоа значи дека за првпат во својата кариера ќе има можност да ја дели соблекувалната со својот брат Давид, а агентот на двајцата фудбалери, Александар Бајевски не го криеше задоволството од трансферот на Дориан во унгарскиот прволигаш.
„Ова е чекор напред во кариерата на Дориан. Мислам дека одлично ќе се снајде во новиот клуб и ќе бележи позитивни резултати. Како што рече неговиот брат Давид, Дориан со своите голови многу ќе му помогне на Дебрецин да се избори за што подобра позиција на табелата. Договорот е на две и пол години. Имаше интерес од многу клубови, но мислам дека ја одбравме најдобрата опција. Рапид Виена беше во потесниот избор, но пак ќе речам дека Дебрецин е чекор напред и за Давид и за Дориан, а после ова очекуваме транфери на двајцата во ТОП пет лигите“, рече Бајевски во изјава за Спортско радио 90,3 ФМ.
Дориан го реализираше овој трансфе откако имаше одлична полусезона во дресот на Ботев Враца во Бугарија каде беше еден од најдобрите стрелци во бугарскиот шампионат.