Драган Бајиќ, кој ја има селекторската позиција во нашата кошаркарска репрезентација ќе мора да оди на операција.
„Подолг период мојата здравствена состојба не е најдобра. Работев под инјекции а лекарите инсистираа проблемот да се реши со хируршка интервенција. Се надевам дека сѐ ќе мине во најдобар ред и дека брз ќе се вратам на клупата на Игокеа – изјави Бајиќ за – „БХ баскет“.
Неговото место на клупата на Игокеа времено ќе го заземе Марко Бараќ.