Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бака сака да остане во Шпанија, сега на потег е Милан
    Фудбал

    Бака сака да остане во Шпанија, сега на потег е Милан

    risteBy riste26/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот Карлос Бака кој е во сопственост на италијанскиот Милан сака да продолжи да игра во Шпанија.

    Колумбиецот е во сопственост на „Росонерите“, но во последната сезона настапуваше со позајмица во Виљареал. Тој постигна 15 гола за „Жолтата подморница“, но клубот одлучи да не ја активира клаузулата за откуп од 15,5 милиони евра. Шпанците би сакале да го задржат Бака со нов договор за позајмица. Меѓутоа, Милан врши притисок за целосно откупување на договорот на Бака.

    „Се чувствувам добро и би сакал да останам во Шпанија. Чекам да видам што ќе се случи. Имам договор со Милан и ќе го почитувам, но прво сакам да разговарам со раководството за ситуацијата во која се наоѓам и за нивните идеи за мене. Ако тие проценат, ќе останам во Милано. Ќе се вратам во клубот со надеж, желба и оптимизам да ги правам работите како што треба. Не знам што ќе се случи. Оставам сè во рацете на Господ. Должен сум да се јавам во екипата на Милан. Имам договор со Милан и ќе се вратам во клубот, а потоа ќе видиме што ќе се случи“ изјави Карлос Бака.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган

    05/06/2023

    „Сините“ купија голем талент од Парагвај

    05/06/2023

    Абрахам има тешка повреда

    05/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган
    • „Сините“ купија голем талент од Парагвај
    • Абрахам има тешка повреда
    • Албанецот си замина од Рим
    • Атанасов најмлад тренер кој ја освоил титулата, Дамјан славеше по осмипат
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.