Челси до крајот на сезоната ќе го отстапи играчот од средниот ред, Темуо Бакајоко во екипата на Монако. Во договорот ќе има и опција за трансфер следното лето во висина на 35 милиони евра.
24-годишниот фудбалер е непотребен во составот на Френк Лампард и затоа доби зелено светло за да замине во Франција. Минатата сезона, играчот од средниот ред играше во редовите на Милан, но на крајот поради неговиот просечен настап не беше ангажиран за постојано на „Сан Сиро“.