Поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија, Михаел Балак, верува дека „панцирите“ можат да слават на денешниот меч со Англија на „Вембли“ и на тој начин да го продолжат патот кон големото финале на ЕП.
„Англичаните не примија гол, но, имаат проблеми со нападот. Кејн не постигнува голови и нема вистинска опасност за противникот. Мислам дека средниот ред на Англија е слаба точка. Тоа треба да се искористи на денешниот меч“ – вели Балак.
Средбата меѓу Англија и Германија ќе биде одиграна денеска од 18.00 часот на легендарниот стадион -„Вембли“ во Лондон.

