Италијанскиот елитен состав Јувентус прави планови за нови фудбалери кои ќе бидат купени во текот на летниот период.
Едно од имињата на списокот е младиот талент Фоларин Балгун кој е на платниот список на Арсенал, пренесува „Калчомеркато“. 19-годишниот Американец е напаѓач, но, може да игра и на страничните позиции. Тој е капитен на младинската екипа на Арсенал, но, има одиграно и 5 натпревари за сениорскиот состав и постигнато 2 гола.
Договорот на Балгун истекува на лето кога ќе стане слободен агент а „старата дама“ од Торино се обидува уште сега да го обезбеди неговиот потпис.

