Косовски Балкани последниот домашен натпревар од групата Ц од Конференциската лига нема да го игра на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
УЕФА објасни дека теренот не е во добра состојба и дека критериумите за натпреварувањето не се исполнети. Балкани натпреварот против Викторија Плзен ќе мора да го игра на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.