Најпрестижниот индивидуален трофеј во светот на фудбалот – „Златната топка’’, годинава за првпат гледано од 1956 нема да биде доделена поради пандемијата со Ковид-19.
-Наградата во 2020 година нема да биде доделена поради условите во кои се наоѓаме. Мислам дека ваквата турбулентна година не можеме да ја гледаме како обична, бидејќи се разликува од претходните“ – вели Паскал Фере од „Франс Фудбал“.
Лео Меси е лидер со шест освоени признанија пред Кристијано Роналдо кој има едно помалку.