Италијанскиот фудбалски интернационалец, Марио Балотели, потврди, дека во новата сезона ќе остане во редовите на францускиот состав Ница иако за неговиот потпис јавно конкурираа неколку екипи од најсилните европски шампионати.
Контроверзниот напаѓач и челниците на Ница, успеале да се договорат да ја продолжат соработката што значи дека Италијанецот ќе може да се појави на неделниот меч на теренот на Лион.
Балотели се активираше во тимот од Франција во 2016 година и досега успеа да постигне 43 голови со што повторно се наметна и за репрезентативниот дрес на „аѕурите“.