Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Балотели пред останување во Франција, Марсеј е негова следна опција
    Фудбал

    Балотели пред останување во Франција, Марсеј е негова следна опција

    risteBy riste05/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Марио Балотели е многу поверојатно да остане во Лига 1, отколку да се врати во Серија „А” во текот на летото.

    Францускиот тим Олимпик Марсеј е најблиску до потписот на италијанскиот репрезентативец. На „Супер Марио“ договорот му истекува на крајот на месецот и може да преговара со секој клуб. Напаѓачот имаше желба да се врати во својата татковина откако последните две сезони играше во дресот на Ница, но изгледа тоа нема да се случи.

    Само два италијански клуба покажаа вистински интерес за Балотели досега. Ова се Аталанта и Џенова. Сепак, тие немаат финансиски средства да му ја дадат платата на играчот од 4,5 милиони евра годишно.

    Досега Рома и Наполи не упатиле официјални понуди, па изгледа дека интересот за реализација на овој трансфер се намалува.

    Интересен момент е дека иако договорот на Балотели со Ница истекува на 30 јуни, во него има клаузула според која идниот клуб треба да плати 10 милиони евра на клубот од Азурниот брег. Ова е една од причините зошто неколку тимови мора да се откажат од идејата да ги привлечат овој играч.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.