Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели, кој во повеќе наврати го привлекува вниманието со неговото однесување и коментарите на различни теми, не остана имун на вчерашниот погодок на Лео Маси на мечот со Ливерпул во ЛШ.
Италијанецот имаше интересна изјава во која го спомена и големиот ривал на Аргентинецот а тоа е Кристијано Роналдо.
„За љубов на фудбалот, Ве молам повеќе да не го споредувате Меси со бројот седум од Јувентус“ – напиша Балотели алудирајќи на дилемата која е присутна повеќе од една деценија – кој е подобар Меси или Роналдо?.