Македонските кошаркари ги добија противниците за квалификациот дел за Европското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во четири земји Кипар, Полска, Финска и Летонија.
Ние ќе бидеме во групата – „Х“ заедно со Литванија, Полска и Естонија. Бидејќи полјаците се ко-домаќините на шампионатот и ќе имаат само формално учество, Македонија ќе треба да се бори за посакуваното место со Литванците и Естонците.
Според распоредот, мечевите ќе бидат одиграни во термините од 19 до 27 февруари и од 18 до 26 ноември во 2024 година и од 17 до 25 февруари во 2025 година.