Бараж мечот за опстанок и промоција во ПМФЛ меѓу Вардар и Детонит Јуниор ќе се одигра во Струмица и тоа во недела со почеток во 17 часот. Во опција беа и Штип и Битола, но сепак надлежните во Фудбалската федерација на Македонија одлучиле овој меч да се игра во Струмица на стадионот “Благој Истатов“.
Познато е дека победникот од дуелот меѓу Вардар и Детонит следната сезона ќе игра во ПМФЛ и ќе им се придружи на Беса и Пелистер кои дојдоа од второлигашката конкуренција.
Денеска со ждрепка беа извлечени и двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ. Прилепска Победа во битката за опстанок за ривал го доби тимот на Куманово, а Вардарски ќе игра со Кораб, додека последната бараж-двојка ја сочинуваат Влазерими и велешки Борец. Овие баражи се на програмата в сабота.