Баражот за пополнување на првата фудбалска лига за наредната сезона меѓу досегашните второлигаши Борец и Гостивар, ќе биде реализиран на наутрален терен на 30 мај на тренинг центарот – „Петар Милошевски“ во Скопје .
Доколку во регуларниот дел нема победник, веднаш ќе се изведуваат пенали. Екипата што ќе триумфира во последниот филтер ќе излезе на мегдан со прилепска Победа која во штотуку завршениот прволигашки шампионат го освои осмото место.
Тој натпревар ќе биде одигран на неутрален терен на стадионот „Младост“ во Струмица.