Пол Барбер кој е дел од раководната гарнитура во фудбалскиот состав на Брајтон, вели дека пандемијата на корона-вирусот, дефинитивно носи поделени мислења околу продолжување на сезоната.
„Фудбалерите се одговорни луѓе и со право стравуваат за нивните семејства. Ние како раководни лица треба да им одговориме и да им посочиме дека е безбедно да играат, но, дали може тоа да го сториме?- прашува Бербер.
В понеделник е закажан состанок на Премиер-лигашите на кој ќе се разговара за неколку опции околу продолжението на сезоната.

