Во очи на денешниот последен меч од Лигата на нации во сегментот „Ц“, селекторот и капитенот на нашата фудбалска репрезентација, вчера пред новинарите ги искажаа своите очекувања од дуелот со Бугарија.
“Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси”, вели селекторот Милевски.
Енис Барди, капитенот на македонската А репрезентација вели дека со трпелива игра треба да ја постигнеме целта.
“Мора да сме трпеливи, ќе дојде нашиот момент. Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи”.
Мечот меѓу Македонија и Бугарија се игра вечерва од 20.45 часот на Националната Арена.