Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди од судот во Валенсија е осуден на четири месеци затворска казна затоа што возел без возачка, за која патем, никогаш и немал положено. Според пишувањата на весникот „Лас Провинциас“, Барди ја прифатил казната, откако на судењето признал дека документот што и го покажал на локалната полиција на Валенсија е лажен.
Судијата ја суспендира затворската казна и ја заменил со условна казна од две години со опомена дека истата ќе се активира доколку играчот од средниот ред повторно направи кривично дело.