Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди, имал позитивен тест на Ковид 19 и веднаш е ставен во изолација во репрезентативната база во Скопје.
-Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19. Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика, изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим во репрезентацијата.
Нашите најдобри фудбалери од денеска влегуваат во тренинг процес пред дебитантскиот настап на ЕП во текот на летото.
