Еден од главните играчи на средината на теренот во нашата селекзија, Енис Барди по натпреварот со Косово даде коментар за се она што се случуваше на оваа средба.
„Го започнавме натпреварот со малку притисок, но сепак екипата беше добро поставена и тактички го спречивме Косово да напрваи некоја посериозна шанса. Косово немаше ниту една шанса, освен подарокот за израмнувачкиот гол. Примивме гол, но бевме присебни и продолживме да играме наша игра. Игравме отворено и на победа, но целта ни беше победа да се пласираме во финале. Го оставивме Косово да игра фудбал, а ние игравме на резултат. Македонија е гладна за пласман на Европско првенство и денес оставивме срце и одличен впечаток пред мечот со Грузија. Сите даваме максимум и ќе дадеме максимум на тој натпревар за да се пласираме на Европско првенство“, рече Барди по натпреварот.

