Извонредна фудбалска вечер за македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди. Со два гола против Барселона, Барди го исполни сонот да слави против каталонците, кои оваа сезона до синоќешното гостување против Леванте не знеја за пораз на домашната сцена.
Барселона загуби со 5-4, а Леванте и фантастичниот Барди потврдија дека под водство на новиот тренер и на крајот на сезоната го покажаа својот вистински квалитет.
„Леванте е фантастичен тим. Одигравме многу добро, со голема самодоверба. Среќен сум за головите. Сонував да постигнам гол против Барселона и да му помогнам на тимот. Треба и наредната сезона да продолжиме со ваква игра“, изјави Барди, кој се врати во форма откако на клупата на Леванте седна Пако Лопез.