Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди во новата сезона ќе игра за турскиот шампион Трабзонспор. Леванте и Трабзонспор постигнале договор за трансфер на македонскиот репрезентативец, објави шпанска „Марка“, а веста ја потврдуваат и турските медиуми.
Барди одлучил да ја прифати понудата од турскиот клуб и да потпише договор на три сезони, а до крајот на неделава треба да пристигне во Турција.
Трабзонспор за него ќе плати 3 милиони евра, плус бонуси.