Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој ја реалзира третата сезона во шпанскиот Леванте и имаше мечеви против најдобрите на денешницата, Кристијано Роналдо и Лео Меси, направи споредба меѓу Португалецот и Аргентинецот.
„Навистина го респектирам Роналдо, станува збор за играч кој направи многу . Но, за мене, Меси е најдобар на сите времиња. Поседува неверојатен талент “ – вели Барди.
Според најавата од Шпанија, екипите набрзо може да влезат во стандарден тренинг процес бидејќи се очекува продолжение на шампионатот.