Со голот на Енис Барди во 20. минута, Македонија води со 1:0 по првото полувреме на мечот со Гибралтар во рамките на 2. коло од Лига Ц делот во Лигата на Нации. Нашите фудбалери во првото полувреме имаа уштенеколку шанси за гол, но резултатот остана непроменет.