Енис Барди кој има блескави настапи за шпанскиот Леванте и во нашата репрезентација, имаше интервју за косовските медиуми в пресрет на полу-финалниот бараж во Лигата на нации.
„Не чека тежок натпревар со Косово. За мене тоа ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, но, на терен ќе играм за Македонија која ми даде шанса и јас сум и благодарен. Нашата цел е да се пласираме на Европско првенство а за тоа да се оствари ќе мораме прво да го победиме Косово“ – вели македонскиот интернационалец.
„Во селекцијата ги имаме Елмас, Пандев, Алиоски и многу други. Се надевам дека нема да има неспортски работи“ – потенцираше Барди кој досега има одиграно 27 средби и постигнато 5 голови за македонската репрезентација.

