Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, нагласи дека не смее да се потцени селекцијата на Лихтенштајн која утре од 20.45 часот ќе гостува во Скопје во рамките на 2 коло во квалификациите за Мундијалот.
„ Значајно ќе биде да победиме, Лихтенштајн е добра репрезентација, затоа ќе мора да ги реализираме задачи и да одиграме на ниво“ –вели Барди.
„Атмосферата во репрезентацијата е добра. Со нетрпение чекавме да се вратиме тука и да се соочиме со наредниот противник“ – изјави нашиот репрезентативец на денешната средба со новинарите.