Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барди: „Вака се игра за Македонија, дај боже да продолжиме да работиме со Милевски“
    Фудбал

    Барди: „Вака се игра за Македонија, дај боже да продолжиме да работиме со Милевски“

    risteBy riste21/11/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија остане непоразена против големата Англија во последниот натпревар од циклусот квалификации за Европското првенство. Иако мечот немаше резултатско значење, сепак овој резултат е за подобрување на самодовербата кај нашите фудбалери за иднината. 

    По крајот на натпреварот, нашите репрезентативци беа добро расположени, а свој коментар даде капитенот Енис Барди. Тој смета дека тимот покажал обединетост и ова е вистинскиот начин како треба да се игра кога се носи дресот на Македонија.

    „Знаевме дека не чека еден тежок натпревар против Англија, затоа што знаевме кој е ривалот. Последниот меч за оваа година бевме заедно и ја дадовме целата сила. Вака треба да се игра за репрезентацијата и да се излезе на терен кога се игра за националниот тим. Освоивме бод што не радува сите нас, една мала земја како Македонија освои голем бод со Англија. Ова е знак за иднината и како треба да се бориме“, изјави Барди.

    Капитенот на Македонија го коментираше и договорот на селекторот Благоја Милевски кој истекува по крајот на овој циклус.

    „Не знам каков е неговиот договор и кога истекува затоа што тоа не е моја работа. Меѓутоа, со овој селектор направивме многу добри работи, почнувајќи од У21 па до сега. Сите се познаваме добро и дај Боже да продолжиме да работиме со Милевски. Го почитувам многу и имам голем респект за него“, додаде капитенот на Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Родригез сакал слава а не пари

    05/12/2023

    Наполи ги „собра“ наградите

    05/12/2023

    Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони

    04/12/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Јокиќ и Тејтум ги добија признанијата за ноември
    • Родригез сакал слава а не пари
    • Наполи ги „собра“ наградите
    • Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони
    • Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.