Фудбалерот на Челзи, Рос Баркли, призна во последното интервју дека дури во тековнава сезона се чувствува добро во клубот.
Тој се активираше кај лондончани во претходната година откако го напушти Евертон, но, ретко наоѓаше место во стартниот состав. Сега откако започна да игра редовно, изјави, дека тоа му влијае максимално позитивно
.„ Расположението сега е одлично. Кога дојдов тука бев среќен бидејќи му се приклучив на голем клуб со огромни амбиции. Треба да потенцирам дека дојдов со потешка повреда и дека во полем дел од времето морав да се фокусирам на здравствената состојба. Знаев дека сезонава ќе биде моја. Сега се чувствувам како комплетно нов играч” – изјави Рос Баркли пред – „London Evening Standard“.