Тренерот на фудбалерите на Лацио, Марко Барони, вели дека неговите избраници ја заслужиле победата на вчерашното гостување кај Милан во дербито на Серија„А“. Неговиот тим сега се наоѓа на 4 место на табелата.
„Играчите покажаа карактер и имаа дваесет шутеви кон противничкиот гол. Создадовме доволно шанси да постигнеме повеќе погодоци“ – вели Барони.
„Ќе продолжиме да бидеме офанзивни и секогаш да одиме на победа“ – потенцира тренерот на „римските орли“.

