Најплатениот фудбалер на Барселона, Жерард Пике, на крајот на сезоната веројатно ќе ја заврши кариерата, најавуваат медиумите во Шпанија.
Тој во тековнава сезона ја има улогата на „стандардна“ резерва а тренерот Чави јасно му стави до знаење дека не го планира за во иднина.
Самиот фудбалер неколку пати изјави дека треба да им остави простор на помладите и дека размислува за пензионирање.