Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барса е со едната нога во големото финале
    Фудбал

    Барса е со едната нога во големото финале

    dinoBy dino07/05/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денешната пресметка меѓу Ливерпул и Барселона закажана во 21.00 часот на „Енфилд“, ќе го даде првиот финалист во Лигата на шампионите. Домаќините ќе имаат тешка задача бидејќи Барса допатува со голема предност од 3-0 обезбедена на „Кам Ноу“.

    Германскиот стратег откако остана без услугите на главните голгетери, Салах и Фирмињо, вели дека ќе биде многу тешко да се победи со четири голови разлика додека неговиот колега Ернесто Валверде,  дипломатски изјави, дека би било грешка Барселона да се потпира на резултатот од минатата недела. Ливерпул и Барселона досега одиграле 9 средби со изедначен ефект. Во три меча победиле „црвените“, во исто толку се радувале Шпанците додека на три дуела немало победник. Тимот од Островот постигнал 6 голови додека екипата од Пиринеите погодила девет пати. Доколу Барселона успее да влезе во финалето на 1 јуни во Мадрид, тоа ќе и биде деветто учество во решавачкиот меч за победничкиот пехар во елитната конкуренција на Стариот континент.

    Можни состави: Ливерпул: Алисон, Александар-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Милнер, Вајналдум, Фабињо, Хендерсон, Мане, Ориген. Барселона: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Роберто, Ракитиќ, Бускетс, Видал, Суарез, Меси. Мечот меѓу ЛИверпул и Барселона кој ќе започне во 21.00 часот на „Енфилд“ ќе го суди Чакир од Турција.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.