Бордот на директори на Барселона дал одобрение да се започне реконструкција на стадионот – „Камп Ноу“.
Вчера се дозна дека Каталонците успеале да договорат нови инвестиции во вредност од 50 милиони евра. Конечните планови требаше да бидат договорени вчера но, тоа не се случи.
– ФК Барселона е во процес на подмирување на финансирањето и најавува дека преговорите ќе завршат наредната недела“, се вели во соопштението. Барселона времено ќе се пресели на Олимпискиот стадион додека трае реновирањето на – „Камп Ноу“.