Медиумите во Шпанија објавија дека челниците на фудбалскиот состав Барселона ќе мора да се ослободат од повеќе играчи за да можат да го балансираат лимитот за плати и со тоа да купат засилувања.
Според непотврдени информации, Каталонците се во големи долгови и со сегашниот ростер дефинитивно не може да ги исполнат условите.
Во текстовите се вели дека шпанскиот гигант ќе мора да се ослободи од играчи чија вкупна вредност надминува 200 милиони евра.