„Мундо Депортиво“ повикувајќи се на извори блиски до фудбалскиот состав Барселона, објави дека првата ѕвезда на Каталонците, Лео Меси, набрзо ќе ја продолжи соработката со елитниот шпанскиот состав.
Аргентинецот има тековен договор до летото во 2021 година а челниците на тимот планираат да му понудат да остане на „Камп Ноу“ плус две сезони. Според напишаното, раководството на Барса и таткото на шесткратниот освојувач на „Златната топка“ кој му агент задолжен за трансфери, набрзо треба да седнат на маса и да ги утврдат сите детали околу новата соработка.
Не е тајна дека Меси посакува кариерата да ја заврши токму во редовите на Барса.

