16 годишниот фудбалер на Барселона, Чави Симонс и неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола, ги шокираа Каталонците кога објавија дека големиот тален ќе си замине од „Камп Ноу“.
Симонс кој во минатата сезона во младинските категории имаше блескави партии, објави на социјалните мрежи дека сигурно ќе си замине од Шпанија и дека нема да го продолжи договорот со Барселона.
Во исто време тој и Раиола биле видени низ улиците на Париз што само наведува дека Симонс може да се активира во дресот на ПСЖ.