Уругвајскиот фудбалски напаѓач, Едисон Кавани, откако го одработи договорот со ПСЖ, може да добие понуда да го облече дресот на Барселона.
Според дел од медиумите, Каталонците сакаат да го купат играчот на Интер, Лаутарио Мартинез, но, доколку трансферот не се реализира, тогаш како резервна варијанта ќе се разгледува евентуален ангажман на Кавани.
Корпулентниот голгетер ќе остане запаметен како кајдобар стрелец во историјата на ПСЖ откако успеа да постигне 200 голови на 300 одиграни натпревари.