Челниците на фудбалскиот состав Барселона планираат да му понудат нов договор на Рафиња кој има фантастична сезона.
Тој доколку се согласи на новите услови, ќе биде еден од најплатените играчи во клубот. 28-годишниот крилен напаѓач кој има тековна соработка до летото 2027 година, сега ќе добие понуда да остане на „Камп Ноу“ до 2030 година.
Рафиња во тековнава сезона одигра 40 натпревар со ефект од 25 голови и 18 асистенции.

