Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барса нема право на грешка вечерва на „Камп Ноу“
    Фудбал

    Барса нема право на грешка вечерва на „Камп Ноу“

    risteBy riste08/08/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона ја испушти шансата за освојување на титулата во Ла Лига и сезоната може да биде целосен неуспех за Каталонците доколку бидат елиминирани од Лигата на шампионите. Вечерва, Лионел Меси и неговите соиграчи се домаќини на Наполи во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите со јасна мисла дека немаат право да направат грешка. Првиот натпревар заврши 1:1, а Наполи беше подобар тим и покажа дека може да се пушти во битка со екипата на Кике Сетиен.

    Барса последен пат остана без трофеј во сезоната 2013/14, а единствената шанса за продолжување на традицијата е успехот во Лигата на шампионите. Тимот игра добро , но со зависност од Меси што е сериозен проблем. Аргентинската sвезда не изгледаше во добра форма на крајот од првенството, но тој имаше време да ги наполни своите батерии за најважниот дел од сезоната.

    Наполи заврши само на 7. место во Серија А и во текот на целата сезона покажа многу осцилации во играта. Сепак, под водство на Џенаро Гатузо, Наполи се врати во добар ритам и го освоија Купот на Италија, победувајќи го Јувентус на пенали во финалето.

    Меси ќе биде главно оружје на Барса, но ќе му треба и помош на Луис Суарез и Антоан Гризман. Французинот го постигна голот за Барселона во Италија, но може да остане на клупата на сметка на младот Ансу Фати. 17-годишниот талент стана најмладиот стрелец на головите во историјата на Лигата на шампионите, а Гризман не е воопшто убедлив во својата деби сезона во дресот на Барселона.

    Проблем за домаќините ќе биде отсуството на искусните Серхио Бускетс и Артуро Видал, кои повеќе пати имаат поминато низ вакви битки. Артур, кој беше продаден во Јувентус, одби да остане во ЛШ до крајот на сезоната. Ова го стеснува изборот за Сетиен и скоро сигурно тројцата на средина на теренот ќе бидат Иван Ракитиќ, Серж Роберто и Френки Де Јонг.

    Наполи ќе игра со формација 4-3-3, со тројката во нападот Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс и Хозе Каљехон. Аркадиуш Милик, Ирвинг Лозано и Матео Политано ќе останат на клупата. Гатузо нема проблеми со повреди или казнети, а централниот дефанзивец Костас Манолас ги инспирираше своите соиграчи со примерот на неверојатниот успех на Рома против Барса (3:0) во четвртфиналето од Лигата на шампионите пред две години. Тогаш токму тој го постигна решавачкиот трет гол за Рома.

    Од 2013 година, Барселона не загуби на 25 последователни домашни натпревари во ЛШ. На „Камп Ноу“ екипата загуби само двапати од италијанските ривали во вкупно 26 натпревари. Барса се најде во осминафинале во Лигата на шампионите по 16-ти пат во серија, а од сезоната 2007/08 секогаш ја освоиле својата група.

    Наполи има само еднаш елиминирано ривал од Шпанија на европските турнири (Валенсија во Купот на УЕФА во сезоната 1992/93). Италијанскиот клуб не победи во последните 7 гостински натпревари во Шпанија, а освен тоа во 5 последователни случаи испадна од европските турнири по реми дома на првиот натпревар.

    Веројатни состави:
    Барселона (4-3-3): Тер Штеген; Семедо, Пике, Ленгле, Алба; С.Роберто, Ракитиќ, Де Јонг; Меси, Суарез и Гризман.
    Наполи (4-3-3): Оспина, Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Марио Руи; Ф.Руиз, Деме, Зиелнски; Каљехон, Мертенс и Инсиње

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ливерпул фаворит за потписот на Маунт

    30/03/2023

    Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?

    30/03/2023

    Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим

    30/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.