Новинарот, Фабрицио Романо, изјави дека Барселона има намера да продолжи со трендот да ангажира слободни фудбалери и затоа следи дури четворица кои настапуваат во премиер лигата.
Тоа се Јуриј Тилеманс, Илкај Гундоган, Жоржињо и Н’Голо Канте кои веројатно ќе мора да побараат нова средина.
– Знаеме дека Барселона ќе бара слободни играчи. Тоа е стратегија која им функционираше добро во изминатата година. Гундоган се уште размислува за иднината, Тиелеманс сигурно нема да потпише повторно со Лестер а Канте со Челзи“ – изјави Романо.