Барселона сака да го отповика Ламин Јамал од шпанската репрезентација поради повреда. На крилниот напаѓач му беше дијагностицирано истегнување на мускулот на левата нога по мечот со Данска од Лигата на нации 1-0, на кој беше заменет во 93. минута.
Напуштајќи го теренот, Јамал куцаше. Тој исто така имаше потешкотии во движењето откако отиде во трибините.
Барселона не сака да ризикува со фудбалерот и цврсто побара да биде ослободен од неговиот понатамошен престој во националниот тим. Иако се уште не е јасно дали ќе се врати во клубот, тие се убедени дека не треба да игра во вторник против Србија.

