Денеска беа формирани двојкитеза првиот елиминациски филтер во Лигата на фудбалските шампиони.
Борусија Менхенгладбах ќе игра со Манчестер Сити, Лацио ќе го пречека Баерн Минхен, Атлетико Мадрид ќе излезе на мегдан со Челзи. РБ Лајпциг ќе му биде домаќин на Ливерпул, Порто на Јуве а Севилја на Борусија Дортмунд. Аталанта ќе ги одмери силите со Реал Мадрид додека во дербито Барселона ќе игра со ПСЖ.
Првите натпревари од 1/8 финалето ќе се играат на 16/17 и 23/24 февруари а реваншите се закажани на 9/10 и 16/17 март.

