Фудбалерот на Манчестер Сити, Алварез, ќе добие понуда да замине како позајмен во Барселона, најавија дел од медиумите во Шпанија и Англија.
Наводно, Каталонците стапиле во контакт со челниците на „граѓаните“ и побарале Алварез да се пресели на Пиринеите во текот на летниот трансфер период.
Аргентинскиот интернационалец кој ретко влегува во стартниот состав на Пеп Гвардиола, не крие дека сака да ја промени средината и да замине на стадионот – „Камп Ноу“. Тој има договор со англискиот состав до летото во 2027 година.