Фудбалерот, Феран Торес, официјално ја засили Барселона. 21-годишниот репрезентативец на Шпанија го напушти Манчестер Сити и за сума од 55 милиони евра плус десет како бонуси, се врати во татковината.
Напаѓачот и Каталонците склучија договор за наредните 5 години во кој е вметната откупна клаузула од една милијарда евра.
Репрезентативецот на „Фуријата“ во Ла Лига го носеше дресот на Валенсија во периодот од 2017 до 2020 година.

