Шпанскиот фудбалски состав, Барселона, ќе се ослободи од услугите на Роналд Араухо, доколку пристигне примамлива понуда во текот на летото, објавија денеска медиумите во Каталонија.
Челниците на екипата од „Камп Ноу“, ќе бараат за потписот на дефанзивецот најмалку 100 милиони евра. Неговиот договор е валиден до јуни во 2026 година.
Не е тајна дека луѓето од Баерн Минхен се заинтересирани за 25 годишниот интернационалец од Уругвај.

