Менаџерот на Пол Погба, Мино Раиола, наводно веќе успеал да издејствува фантастична плата од 20 милиони евра на годишно ниво за евентуален трансфер на францускиот репрезентативец во редовите на Барселона. Погба им најавил на соиграчите од Манчестер Ј. дека сака да си замине, но Мурињо во моментов не сака да слушне за негова продажба иако односите меѓу двајцата не се најависоко ниво.
Денешен „Дејли Меил“ тврди дека Погба му испатил СМС порака на првиот оперативец во клубот, Вудворт во која вели дека сака под итно д абиде продаден. Ако трансферот се реализира, Погба за 5 години престој на „Камп Ноу“ треба да заработи колосални 100 милиони евра.