Екипата на Барселона синоќа го забележа третиот последователен пораз на домашен терен во Ла Лига.
Избраниците на Ханзи Флик синоќа доживеаја пораз по пресврт против Атлетико Мадрид и загубија со 1:2 и со тоа го загубија првото место на привремената табела во Ла Лига.
Во последните седум натпревари, Барселона забележа една победа, имаше четири порази и две нерешени средби.
Последен пат „Каталонците“ имаа вакви кошмарни показатели пред 16 години под водство на Франк Рајкард.

