Со својата победа над Интер синоќа, екипата на Барселона постави нов рекорд во историјата на Лигата на шампионите и претходното натпреварување Европскиот куп на шампиони.
Каталонците веќе се во серија од 33 натпревари непоразени на домашен терен, со што го надминаа достигнувањето на Реал Мадрид. Последен пат Барселона загуби дома од Баерн Минхен (0:3) пред шест години. Од тој натпревар екипата Барселона на „Камп Ноу“ има остварено 30 победи и 3 нерешени средби со гол разлика од 101:16. Реал го постави својот рекорд помеѓу 1975 и 1990 година.
Во принцип, во најдолгата серија без пораз во ЛШ/ КЕШ ја има Манчестер Јунајтед – 25 натпревари без пораз од почетокот на сезоната 2007/08 година до финалето на сезоната 2008/09 година.